Путин за Сирија: Лесно ни е да работиме и со Асад, и со САД

Русија јасно ја формулираше својата позиција за сириското решение, изјави претседателот на РФ Владимир Путин додавајќи дека Русија лесно ги одржува односите со сите, затоа што таа не мрда со опашот и не ја менува својата позиција.

Претседателот на Русија Владимир Путин говорејќи за решавањето на сириската криза изјави дека за Москва е лесно да работи и со лидерот на Сирија Башар Асад, и со САД: ние не мрдаме со опашот и не ја менуваме позицијата, пренесува РИА „Новости“.

„Во однос на, да речеме, сириската криза: лесно ни е да работиме и со претседателот Асад, и со американската страна. И јас зборував за тоа неодамна со претседателот Обама, и со нашите пријатели од Саудиска Арабија, од другите арапски земји“, рече Путин во документарниот филм на Владиир Соловјев „Светски поредок“, од кој дел беше прикажан на телевизијата „Русија 1“ во саботата.

„Зошто лесно? Ние не мрдаме со опашот и не ја менуваме позицијата“, рече претседателот Путин.

Според неговите зборови, РФ јасно ја формулирала својата позиција за сириското решение.

„Првин ги прашавме луѓето: така ли е или не е така, се согласувате или не се согласувате. Во принцип за основните параметри на решението сите рекоа: „Да„. И тогаш ние ја формулиравме својата позиција врз оние компоненти кои се заеднички и прифатливи и сега не треба да скокаме од една на друга страна како изгубени“, — добавил Путин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.