Јункер: Во ЕУ има меѓусебно разбирање за продолжување на санкциите

Претходно канцеларката на Германија Ангела Меркел изјави дека санкциите треба да се продолжат затоа што „Минската спогодба“ не е реализирана.

Санкциите на ЕУ против Русија треба да бидат продолжени за половина година и кај земјите-членки на ЕУ има „широко меѓусебно разбирање“ по тоа прашање, изјави шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер пред отворањето на самитот на ЕУ, пренесува ТАСС.

„Ни претстои разгледување на санкциите во однос на Русија. Мое мислење е дека санкциите треба да бидат продолжени за половина година и за тоа постои широко меѓусебно разбирање меѓу земјите во ЕУ, како и со Европскиот парламент“, изјави Јункер.

Претходно канцеларката на Германија Ангела Меркел изјави дека санкциите треба да бидат продолжени затоа што „Минската спогодба“ не е целосно реализирана.

„Евентуалното укинување на санкциите со Русија е поврзано со целосната реализација на „Минск“. Тоа уште не сме го постигнале. Затоа јас и шефот на дипломатијата ќе се залагаме не само за договорот, туку и санкциите да бидат продолжени“, изјави таа.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња