Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова го коментираше на Фејсбук инцидентот во украинскиот парламент кога на премиерот Арсениј Јацењук прво му подаруваат букет цвеќе, а потоа на раце го изнесуваат од говорницата.
„Еклатантен пример за хибридна војна во Украина. Хибридите се пред вас“, напиша Захарова.
Овој инцидент заврши со уште една општа тепачка во Врховната рада. Подоцна беше објавено дека „Блокот на Петро Порошенко“ го исклучил од својот состав пратеникот Олег Барна кој го предизвика овој настан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче