Асанж го објасни нападот врз Су-24 со изборите во Турција

Нападот врз Су-24 во Турција беше планиран, затоа што на изборите на 1 ноември во Турција беше решено да се соборуваат авиони, дури и ако има нарушување на турскиот воздушен простор за секунда, изјави на конференцијата на телевизијата „РТ“ основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж.

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж смета дека соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 од страна на турското воено воздухопловство може да се објасни со парламентарните избори во Турција и политичките амбиции на владејачката Партија на правдата и развојот, пренесува РИА „Новости“.

Зборувајќи по видео-врска од амбасадата на Еквадор во Лондон на конференцијата на телевизијата „РТ“, Асанж потсети дека Анкара ја предупредуваше Русија за можноста за решителен одговор поради нарушувањето на границата, но додаде дека постои и друга верзија на настаните.

„Но има и друга информација – тоа беше планирано. Токму пред изборите на кои победи Ердоган, беа воспоставени правила – да се соборуваат авиони, дури и ако има нарушување на турскиот воздушен простор макар една секунда. Тоа беше направено за да се победи на изборите. Потоа тие правила не беа повлечени“, изјави тој.

Потенцирајќи дека не се обидува да ги оправда постапките на Анкара, Асанж исто таа истакна дека тој инцидент ја покажал грешката на руските безбедносни служби, затоа што Турците испраќале сигнали. Притоа тој изрази увереност дека Турција ќе продолжи да ги реализира своите интереси на северот на Сирија, за да добие контрола макар над тој дел на земјата.

„Тоа е конфликт на повеќе учесници. Не мислам дека ќе биде успешно решен“, истакна тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.