Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на телефонскиот разговор со премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон покани британски специјалисти да земат учество во дешифрирањето на црните кутии на соборениот во Сирија руски бомбардер Су-24, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС.
Путин и Камерон исто така разговараа за прашања поврзани со безбедноста на Блискиот Исток, вклучително и на решавањето на ситуацијата во Сирија. Во текот на разговорот беше истакнато дека двете земји имаат „слични пристапи во однос на заканата што доаѓа од ИД и другите терористички групи кои дејствуваат во регионот“.
Претходно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Министерството за одбрана на РФ ќе одреди кои меѓународни експерти ќе бидат поканети за дешифрирање на црните кутии. „Тоа ќе го определи Министерството за одбрана. Путин зборуваше дека треба да се направи отворање и проучување на тие кутии за заеднички да се утврди вистинската траекторија и координатите на летот на нашиот бомбардер пред да биде нападнат, да се направи целиот тој комплет работи заедно со странски инспектори. Но кои инспектори ќе бидат тоа, кому ќе биде адресирана поканата, кој ќе изјави подготвеност да одговори на таа покана засега не можам да кажам“, рече Песков.
Тој исто така не можеше да одговори на прашањето дали во работата над црните кутии ќе учествуваат специјалисти од Турција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче