Медиум: САД тргнуваат во офанзива во борбата со Русија за Балканот

НАТО постепено го презема Балканскиот полуостров – Вашингтон планира да ги вклучи во сферата на западно влијание не само Црна Гора, туку и Хрватска и Србија, пишува „Политико“.

Поканата за Црна Гора да стапи во НАТО покажа дека САД тргнаа во офанзива во борбата со Русија за влијание на Балканскиот полуостров, ја пренесува РИА „Новости“ колумната на весникот „Политико“.

Покрај поканата, изданието пишува и дека високи американски претставници и лидери на Алијансата ги посетиле Белград и Загреб во рамките на обновување на обидите да се вклучи Балкансиот регион во сферата на влијание на Западот.

„Климата на меѓусебните односи со балканските држави станува поповолна за САД, регионот е особено важен поради големите потреси на меѓународната сцена. (...) Противречностите доаѓаат до израз во земјите каде интересите на Москва и Вашингтон се совпаѓаат, на пример во Србија И Црна Гора. Последен пат покани за членство во НАТО добија Хрватска и Албанија во 2008 година.

„НАТО постепено го презема Балканскиот полуостров“, смета поранешниот амбасадор на Италија во Алијансата Стефано Стефанини. „Само претставете си го размерот на Балканскиот регион – секојпат кога фигурите почнуваат да се движат, не е важно дали се големи или мали, се менува рамнотежата на силите“.   

Балканската кампања на НАТО не се однесува само на Црна Гора, тука е и Србија, која се обидува да балансира меѓу Вашингтон и Москва.  

Истовремено членството во НАТО останува далечна перспектива за земјите од Западен Балкан – Алијансата не се одлучува да ги покани земјите обременети со неразрешени територијални спорови. Босна и Херцеговина се обидува да ги реши внатрешните противречности. Косово, непризнато од Москва и Белград, исто така спаѓа во полето на интересите на НАТО, како и Македонија, која има нерешени прашања со Грција, земја-членка на НАТО.

Друг важен аспект на балканското проширување на НАТО е диверзификацијата на испораката на енергетски ресурси во Европа, нешто што Вашингтон го смета за стратешки интерес на сопствената безбедност. Хрватска ја има задачата да ја намали зависноста на ЕУ од рускиот гас – на островот Крк се планира изградба на терминал за течен природен гас кој треба да пристигнува преку гасниот коридор од Азербејџан до северот на Европа преку териториите на Турција, Грција, Албанија, Црна Гора и Хрватска – проект познат како Трансјадрански гасовод.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња