САД размислува за нови санкции против Русија

Вашингтон е незадоволен од наводните прекршувања на договорот за уништување на ракети со среден и мал дострел од страна на Москва и е подготвен да го прошири списокот со „неверојатно ефективни “ санкции.

САД ја разгледуваат можноста за воведување економски санкции против РФ поради наводно кршење на Договорот за уништување на ракетите со среден и мал дострел  (РСМД), но засега немаат донесено одлука, соопшти заменикот-државен секретар на САД за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност Роуз Гетемилер, пренесува РИА „Новости“.

„Продолжуваме да ги разгледуваме економските мерки во врска со договорот за РСМД, но во дадениот момент немаме донесено одлука“, изјави Гетемилер на сослушувањето во Сенатот на САД.

Таа потсети дека САД и ЕУ воведоа економски санкции против РФ поради ситуацијата во Украина и кои се, според нејзините зборови, „неверојатно ефективни“.  

САД континуирано се залагаат за задржување на договорот кој одговара на безбедноста на земјата и светот во целина. Москва, од своја страна, изјавува дека го исполнува договорот и смета дека САД го користат договорот како изговор за да распоредат забрането вооружување. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња