Путин ќе му се обрати на Федералното собрание на 3 декември

Претседателот на РФ е должен секоја година да му се обрати на парламентот и да ги претстави неговите ставови во врска со основните насоки за развој на државата.

Претседателот на Русија Владимир Путин на 3 декември ќе настапи со традиционалното Обраќање на шефот на државата до Федералното собрание, се вели во најавата на ТВ-каналот „Русија 1“ кој ќе врши директен пренос од обраќањето на шефот на руската држава, пренесува ТАСС.  

Претходно шефот на администрацијата на Кремљ Сергеј Иванов изјави дека Путин ќе настапи со Обраќањето во декември оваа година откако детално ќе го разгледа нацртот на обраќањето и своерачно ќе ги внесе своите корекции.

„Како ќе ги изложи акцентите, зависи од желната на претседателот откако ќе го прочита материјалот за предлогот на обраќањето и откако ќе ги внесе своите корекции. А најчесто тој тоа го прави своерачно во буквална смисла“, изјави Иванов.   

Владимир Путин на почетокот на ноември соопшти за почетокот на работата над Обраќањето. Тој е должен секоја година да му се обрати на парламентот и да ги претстави неговите ставови во врска со основните насоки за развој на државата.  „Обраќањето е резултат на колективна работа; без владата, без Централната банка тоа не може да биде направено на високопрофесионално ниво“, изјави претседателот на Русија.

Претходниот пат Путин настапи со годинешното Обраќање до Федералното собрание на 4 декември 2014 година.

Своето обраќање претседателот го почна со благодарност до Русите за поддршката, солидарноста во судбоносните моменти кога се решава иднината на земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.