Путин го потпиша указот за воведување санкции за Турција

Претседателот на Русија Владимир Путин, помеѓу другото, наложи да се воведе забрана или да се ограничи увозот на територијата на РФ за одделни видови роба од Турција.

Владимир Путин го потпиша указот за воведување посебни економски мерки спрема Турција. Претседателот Путин наложи да се воведе забрана или да се ограничи увозот на територијата на РФ за одделни видови роба од Турција. Списокот со турски производи чиј увоз во Русија ќе биде ограничен ќе го утврди владата на РФ, пренесува „Комерсант“.  

Помеѓу другото, Путин наложи да се забрани или ограничи дејноста на организациите под јурисдикција на Турција на територијата на Руската Федерација. Од 1 јануари 2016 година исто така ќе биде забрането руските работодавачи да вработуваат турски државјани.

Односите меѓу двете земји се во криза откако во вторникот, 24 ноември, турски авиони-ловци F-16 соборија руски Су-24 во Сирија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.