Пилотот на Су-24: Треба да вратам „мал долг“ за командирот

Спасениот пилот на соборениот Су-24 изјави дека не постои шанса „ни за секунда“ авионот да го нарушил воздушниот простор на Турција.

Пилотот на соборениот од турската авијација Су-24 изјави дека екипажот го познавал теренот каде се случи катастрофата „како своите пет прсти“, пишува „Взгљад“.

Според него, никакви предупредувања од Турција немало. „Всушност немаше никакви предупредувања. Ни по радио-врска, ни визуелно. Воопшто немаше контакт. Затоа зазедовме борбен курс во нормален режим“, изјави тој.

„Треба да се разбере колкава е брзината на бомбардерот, а каква е на ловецот Ф-16. Доколку тие сакаа да нѐ предупредат, тоа можеа да го покажат со тоа што ќе заземеа паралелен курс. А вака ништо немаше. И ракетата наиде на опашката на нашиот авион одненадеж. Ние дури и визуелно не ја гледавме за да успееме да направиме противракетна маневра“, додаде тој.

Пилотот исто така кажа дека сака да остане да служи во составот на авио-групата на Русија во Сирија. „Се разбира, со нетрпение чекам да ме испишат (од болница) и веднаш да се вратам во строј. Ќе барам од командата да ме остават во оваа  база – треба да им вратам „мал долг“ за командирот“, изјави навигаторот на Су-24.

Навигаторот на авионот беше спасен во текот на операцијата за потрага од страна на руските и сириските специјалци. Во операцијата ВКС Русија загубија еден хеликоптер – леталото беше погодено од огнено оружје при што еден војник загина.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.