Никој не треба да се сомнева дека Турција стори сѐ да го избегне инцидентот со рускиот авион Су-24 на границата со Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Взгљад”.
„Ние не ја сакавме оваа ситуација, ама сите мораат да го почитуваат правото на Турција да ги штити своите граници. Неидентификуван воен авион навлезе во нашиот воздушен простор, во рок од пет минути му беа упатени десет предупредувања, но нарушувањето продолжи. Строго во рамките на усвоените и претходно објавени правила за реагирање на закани беше интервенирано против него“, рече Ердоган по состанокот на Советот за безбедност на Турција.
Тој додаде дека Турција остро го осудува нападот врз сириските Туркмени кои, како што рече, ги напаѓа авијацијата, поради што цивилното население е присилено да се движи кон турската граница. Истовремено, според неговите зборови, Турција нема непријателски намери спрема која и да било земја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче