Во изјавата на Рудској се вели дека според точните податоци на објективната контрола рускиот авион не ја преминал границата со Турција, што е потврдено и од податоците на сириската ПВО, соопштува Министерството за одбрана на Русија, а пренесува „Взгљад“.
На пример, според приказот се гледа дека Су-24 не го нарушил воздушниот простор на Турција. Напротив, авионот Ф-16 што го соборил рускиот Су-24 ја преминал границата на Сирија. Исто така, на приказот се гледа дека рускиот авион летал на оддалеченост од 1 километар од турската граница, а турскиот авион по соборувањето со ракета на рускиот авион се вратил на територијата на Турција. Рускиот авион паднал на оддалеченост од 4 километри од границата со Турција, што исто така се гледа на приказот.
„Овој факт се смета за најгрубо кршење на нормите на меѓународното право со најтешки последици и директно прекршување на Меморандумот за спречување на инциденти и обезбедување на безбедноста за летовите во Сириската Арапска Република, склучен со САД и важечки за сите земји на коалицијата, вклучувајќи ја и Турција“, соопштува Министерството за одбрана на РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче