Давутоглу: Русија е наш пријател

Русија е наш пријател, сосед и многу важен партнер. Билатералните односи не можат да бидат жртвувани. Меѓутоа, и пријателските односи мораат да се базираат на почитување на правото на секоја земја да ја брани својата територија.

Анкара ја смета Русија за свој пријател и сосед и не сака да ги раскине врските со Москва по инцидентот со соборениот Су-24, изјави премиерот на Турција Ахмет Давутоглу на состанокот на парламентарната Партија на правда и развој која тој ја предводи, пренесува „Взгљад”.

„Ние немаме и не можеме да имаме намери да ги прекинеме врските со Русија по овој инцидент и да се наоѓаме во состојба на напнатост. Русија е наш пријател, сосед и многу важен партнер. Билатералните односи не можат да бидат жртвувани. Сега сите канали за комуникација се отворени, ние меѓусебно им придаваме голема важност. Но сакам да нагласам дека во поглед на обезбедувањето на националната безбедност какви било односи, па дури и многу пријателските, мораат да се засноваат на почитување на правото на секоја земја да ја брани својата територија“, изјави Давутоглу.

Тој истовремено рече дека Анкара има право и обврска да ја брани својата територија.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.