Русија загуби и хеликоптер во Сирија

Хеликоптерот Ми-8 бил во потрага по пилотите на срушениот Су-24.

Началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на Вооружените сили на Русија генерал Сергеј Рудској изјави дека во текот на операцијата за пребарување и спасување во реонот на падот на рускиот бомбардер Су-24 во Сирија, од територија под контрола на бунтовниците бил соборен руски хеликоптер Ми-8. Притоа загинал припадник на морската пешадија на ВС РФ, пренесува „Ведомости“.

Екипажот и припадниците на групата за спасување биле евакуирани во руската база.

Покрај тоа, според првичните податоци, еден од пилотите на срушениот Су-24 бил убиен со оган од земја. Претходно борците на една од опозициските групи објавија видео од стрелање врз хеликоптер Ми-8АМТШ кој стои на земја. 

Според зборовите на генералот, срушениот Су-24 нанесувал удари врз групи во чиј состав имало околу 1000 борци од Северен Кавказ и никој не ја предупредил Русија дека тоа е „умерената опозиција“ во Сирија.  

Рудској исто така изјави дека радарот во руската база регистрирал турски авион-ловец кој го нарушил воздушниот простор на Сирија.

Во близина на руската база е позициониран крстосувачот „Москва“, опремен со ракетен систем со голем радиус на дејство С-300Ф кој, според зборовите на Рудској, ќе ги соборува сите потенцијално опасни цели. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.