Велика Британија ѝ предала на Русија определени податоци за катастрофата на рускиот авион А321 на Синајскиот полуостров, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
„Можеме да потврдиме дека навистина определени податоци беа предадени од британска страна“, изјави тој. Претставникот на Кремљ не прецизираше за какви точно податоци станува збор, објаснувајќи дека не располага со таква информација. Поради истата причина тој не одговори на прашањето дали влијаеле тие информации на руската одлука за запирање на авионскиот сообраќај со Египет. Според зборовите на Песков, потврдувањето на една или друга верзија е „работа на истрагата“.
„Се разбира дека сметаме на соработка со сите страни кои можат да дадат помош во истрагата за оваа трагедија“, додаде портпаролот на претседателот.
Претходно британскиот Форин Офис соопшти дека доставил до Русија разузнавачки податоци за катастрофата на А321.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче