Медиум: ФБИ ќе ѝ помага на Русија во истрагата за падот на А321 во Египет

ФБИ се согласи да ѝ помага на Русија во истрагата за несреќата на авионот А321, пишува „Њујорк Тајмс“.

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) се согласи да ѝ помогне на руската влада во истрагата за падот на авионот А321, изјавија високи американски функционери, пишува весникот „Њујорк Тајмс“.

Некои американски официјални лица изјавија дека Русите сакаат помош за форензичката анализа за да се утврди што го соборило Ербасот A321, додека други официјални лица изјавија дека руското барање било поопшто. Иако поголемиот дел од остатоците се расфрлани на површина од речиси 20 квадратни километри во пустината, некои делови од авионот биле пренесени во Русија за анализа.

Весникот смета дека е реткост тоа што Русија се јавила со такво барање, за кое првпат беше објавено во петокот од страна на „Си-Би-Ес Њуз“, а кое некои американски официјални лица го протолкуваа како знак за предизвици со кои се соочени истражителите на падот на авионот.

„Њујорк Тајмс“ исто така наведува дека и покрај соработката меѓу ФБИ и Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) на полето на борбата против тероризмот, американско-руските односи се на најниското ниво по падот на Берлинскиот ѕид. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња