Додека меѓународната комисија започна со дешифрирање на црните кутии од урнатиот руски цивилен авион, експертите излегуваат со нови верзии за несреќата. Засега тие се сложуваат во едно – се случила експлозивна дехерметизација на внатрешноста.
Извори на весникот Комерсант кои во моментов работат на местото на уривањето на Ербасот, велат дека дехерметизацијата можела да се случи поради експлозија во делот во кој се наоѓа багажот. Локална експлозија на бомба не можела само по себе да го уништи авионот, сметаат тие, но наглото паѓање на притисокот можел да доведе до дехерметизација. Во своите заклучоци руските и египетските стручњаци прават паралели со авионската несреќа на Боингот 747 на авионската компанија Пан Американ во декември 1988 година над Локерби (Шкотска). Терористот имаше замаскирано мала бомба од пластид во радиоприемник кој го ставил во куферот.
До дехерметизација и до експлозија на авионскиот труп можело да дојде, меѓу другото, и поради пукнатина. Пред 15 години со овој патнички авион се има случено инцидент на аеродромот во Каиро: за време на слетувањето пилотот се обидувал да ја исправи траекторијата на летот на авионот, остро го кренал носот на леталото поради што опашката удрила во пистата. Можно е оштетувањето да не било целосно отстрането, а техничката служба да не го забележала тоа. „Поради вакво оштетување авионот може да падне и по десет години“, вели за весникот Московски комсомолец Олег Смирнов, претседател на Фондот за развој на авионскиот сообраќај. Се знае дека Когалимавиа го ома купено овој авион по инцидентот.
Причина за експлозијата можела да биде и неисправен мотор. Доколку дошло до експлозија на турбината, тогаш лопатките можеле да го пробијат крилото и трупот. Според специјалистите, лопатките „излетуваат нанадвор со огромна брзина, и се вртат на исто ниво, ги сечат крилото и трупот како пила“, пишува Комерсант.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче