Путин потпиша указ за времено запирање на летовите од Русија за Египет

Авионскиот сообраќај меѓу Русија и Египер со редовни, чартер и транзит летови беше запрен на 6 ноември до разјаснување на причините за падот на авионот А321 над Синај.

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот за времено запирање од 8 ноември на летовите од РФ за Египет, стои на официјалниот интернет-портал за правна информација на Кремљ, пренесува РИА „Новости“.

„На руските компании времено им се забранува да вршат воздушен превоз (вклучително и комерцијален) на лица од територијата на Руската Федерација на територијата на Арапската Република Египет“, се вели во текстот на документот.

Документот им препорачува на туроператорите и туристичките агенции да се воздржат од продажба на тури за Египет.  

Согласно текстот на указот, владата на РФ ќе треба да ги преземе сите мерки за враќање на руски државјани од Египет, а МНР РФ треба да ги координира своите активности со властите на Египет.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња