Иран: Соработката со Русија ќе ја промени судбината на блискоисточниот регион

Во соработка со Русија ќе се погрижиме западните земји, вклучувајќи ги и САД, да не можат да манипулираат со овој регион, изјави министерот за правда на Иран Мостафа Пурмохамади.

Иран ја гледа соработката со Русија во контекст на стратешките односи меѓу двете земји и се надева дека оваа соработка ќе му помогне на Блискиот Исток во борбата против тероризмот, изјави министерот за правда на Иран Мостафа Пурмохамади.

„Соработката меѓу Иран и Русија во Сирија е дел од стратешките односи меѓу нашите две земји. Тоа е пресуден момент во нашите односи кој, се надеваме, ќе ја промени судбината на регионот. Ние ќе се погрижиме западните земји, вклучувајќи ги и САД, да не можат да манипулираат со овој регион. Се надеваме дека ќе успееме да го исчистиме овој регион од терористи“, изјави Пурмохамади на средбата со заменик-претседателот на Советот на Федерацијата на РФ Иљас Умаханов.

Според зборовите на министерот, „сојузот меѓу терористите и челниците на земјите кои ги користат и нивните помагачи ни наметнуваат многу неповолни услови во регионот“,пренесува РИА „Новости”.

„Се надеваме дека стратешката соработка ќе се заснова на цврста основа и дека ќе му донесе полза на народот во регионот“, додаде иранскиот министер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња