Најважниот резултат на изминатите избори за локална самоуправа во Украина е „пропаднатиот обид на Русија да создаде петта колона“, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко, пренесува „Взгљад”.
„Обидот на Русија да создаде петта колона претрпе неуспех! Тоа е главното достигнување на овие избори“, напиша Порошенко на својот Твитер профил.
Локалните избори се одржаа во Украина во неделата според новиот изборен закон. Регионалните, градските и окружните одбори беа избирани според пропорционален систем со отворени листи. Резултатите треба да бидат дефинирани до 4 ноември и објавени во рок од пет дена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче