Авионскиот сообраќај меѓу Русија и Украина и официјално прекинат

Откако украинските власти воведоа санкции против 25 руски авиокомпании, руската страна презеде реципрочни мерки, забранувајќи им на украинските авиокомпании да летаат во Русија.

Руските и украинските авиокомпании ги запреа летовите меѓу двете земји откако земјите воведоа санкции за спротивната страна во оваа сфера, соопштува РИА „Новости“.

Првично украинските власти воведоа санкции против 25 руски авиокомпании, од кои две во тој момент не постоеја, забранувајќи им од 25 октомври да летаат во Украина.

Руската страна беше принудена да преземе реципрочни мерки и да им забрани на украинските авиокомпании да летаат во Русија почнувајќи од истиот датум.

Потврда дека ограничувањата стапија на сила се и информациите од украинските аеродроми на чии огласни табли или не се наведени, или се откажани летовите во РФ.

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев ја нарече забраната за воздушен сообраќај меѓу Русија и Украина како пример за „борбата на украинските раководители со својот народ“, пренесува ТАСС.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња