Силите на националната одбрана на Сирија објавија снимка од работата на тешките самоодни ракетни фрлачи ТОС-1А „Солнцепек“ (Припек) и ракетниот систем „Град“ врз ридските позиции на терористите на североисток на провинцијата Латакија, пишува нашето матично „Росијскаја газета“ во својот специјален проект „Руско оружје“.
Термобаричките полнења на „Припек“ се особено ефикасни за планински терен: одбивајќи се од карпите, нивните експлозивни бранови се поклопуваат и ги засилуваат еден со друг. Над целта микрополнењето се ослободува од својата обвивка и формира облак со голема зафатнина кој експлодира истовремено. Температурата во епицентарот се зголемува до илјада степени, горејќи сѐ што е живо на отворено и во засолниште. Освен тоа, експлозијата го пали и атмосферскиот кислород, предизвикувајќи нагло намалување на притисокот. Оние што ќе ја преживеат експлозијата ги очекува мачна смрт поради распад на внатрешните органи.
- Руските тешки ракетни фрлачи се многу популарни на Блискиот Исток. Како што покажа искуството од борбената примена во Ирак, ТОС-1А „Припек“ е идеален за локални операции, прецизно уништувајќи го добро утврдениот противник. Неговото појавување истиот момент го привлече вниманието на арапските медиуми, затоа што „Припек“ демонстрира впечатлива огнена моќ и има силно психолошко дејство врз противникот“, изјави за РИА „Новости“ шефот на делегацијата ан „Рособоронекспорт“ Игор Севастјанов на RAE 2015.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче