Во Сирија се користи рускиот ракетен фрлач ТОС-1А „Припек“

На сирискиот фронт се појави рускиот ракетен фрлач ТОС-1А „Солнцепек“.

Новинарите во Сирија објавија фотографии од руските тешки ракетни фрлачи ТОС-1А „Солнцепек“ („Припек“). На „Јутјуб“ истовремено се појавија неколку видео-снимки на кои се гледаат последиците од примената на ова оружје во провинцијата Хама, каде во тек е успешна офанзива на сириската армија против „Исламската држава“.

Експертот за оружје, главен уредник на весникот „Национална одбрана“ и директор на Центарот за анализа на трговијата со оружје во светот Игор Коротченко вели дека не станува збор за оружјето што го користи ирачката армија, туку руската, пренесува „Комсомолскаја правда“.

„На сите експерти им е јасно. „Припекот“ што го извезувавме е на база на тенкот Т-90, а овие што ги гледаме во Сирија се на база на тенкот Т-72. Но, сметам дека таквата огнена моќ во борбата против терористите од ИД во Сирија е апсолутно оправдана и вистинско решение.“

Тешкиот ракетен фрлач (ТОС-1А) „Припек“, познат и под неофицијалниот назив „Буратино“ (Пинокио), кој со термобарички и запаливи проектили уништува лесни оклопни цели, жива сила и противнички бункери, активно е користен од страна на руската армија во текот на борбените дејствија во Чеченија и Авганистан.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња