Во решавањето на ситуацијата во Украина нема да има напредок сѐ додека Киев не стане свесен дека е неопходно да води дијалог со Донецката и Луганската Народна Република, изјави шефот на администрацијата на рускиот претседател Сергеј Иванов. Тој додаде дека Русија очекува дека Украина ќе ја почитува спогодбата „Минск-2“.
„Фала му на Бога, активните борбени дејствија се прекинати, но по тоа треба да следува исполнување на она што е наведено во „Минската спогодба“. Тоа засега не се прави. Сметам дека нема да биде постигнат напредок сѐ додека украинското раководство не стане свесно дека е неопходно со раководството на Донецк и Луганск да воспостави некакви контакти”, изјави Иванов, а пренесува „Взгљад”.
Тој истакна дека „без разговор со партнерот не е можно да се постигне никаков напредок, колку и да го сакаа тоа Германија, Франција и Русија“. „Па не можеме да преговараме ние место нив“, истакна претставникот на Кремљ.
„Би сакал да можеме да очекуваме дека украинското раководство пред сѐ ќе го почитува зборот за „Минската спогодба“, изјави Иванов.
Киев на 5 октомври соопшти дека Украина не може да води директен дијалог со доброволците од Луганската и Донецката Народна Република.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче