САД ќе ја прекинат помошта за Ирак ако Багдад се обрати до Русија со барање за учество на руските ВКС во воздушните удари против „Исламската држава“ на ирачка територија, изјави началникот на Здружениот штаб на Вооружените сили на САД Џозеф Данфорд.
„Реков дека ќе ни биде многу тешко да Ви ја даваме неопходната помош ако и Русите учествуваат во тоа“, изјави тој за новинарите, коментирајќи ги разговорите со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во рамките на својата посета на Ирак.
Тој додаде дека САД „нема да можат да спроведуваат операции во Ирак ако таму истовремено дејствуваат и Русите“. Началникот призна дека информациите за можно обраќање на Ирак за помош до Русија предизвикале „тревога“ во Вашингтон, пренесува „Интерфакс“.
Од друга страна, владејачката алијанса во Ирак и шиитските доброволци неделава се обратиле до премиерот на Ирак да побара Русија да врши воздушни удари врз позициите на „Исламската држава“, меѓутоа сѐ уште немаат одговор од Абади.
Извори соопштуваат дека премиерот се наоѓа под голем притисок, а барањето на алијансата го става во непријатна ситуација, затоа што Багдад принуден да го задржи статусот на стратешки сојузник на Вашингтон.
Иако Ирак е разочаран од темпото и ефикасноста на операцијата што ја спроведува коалицијата предводена од САД против ИД, Абади изјавил дека барањето доаѓа во „не многу соодветен момент“, затоа што тоа може да ја усложни ситуацијата и да има несакани долгорочни последици во односите со Вашингтон, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче