САД загрижени поради зближувањето на Ирак и Русија

Премиерот на Ирак рече дека е разочаран од поддршката што коалицијата предводена од САД ѝ ја пружа на ирачката војска во борбата против „Исламската држава“, истакнувајќи ја потребата од широка коалиција со учество на Русија и Иран.

Координаторот на американската политика за борба против „Исламската држава„ Џон Ален во разговорот со премиерот на Ирак Хајдер ел Абади изрази загриженост поради зближувањето на Багдад и Москва, соопшти неименуван извор.

„Џон Ален го информираше Хајдер ал Абади дека Вашингтон е загрижен поради сојузот на Ирак (со Русија) и рече дека (...) претседателот на САД Барак Обама е заинтересиран за неговата улога (во борбата со ИД). Зар Ирак не треба да им биде благодарен на САД?“, изјави изворот за арапскиот весник што се објавува во Лондон „Аш Шарк ел Аусат”.

Ел Абади изјави дека е разочаран од поддршката што коалицијата предводена од САД ѝ ја пружа на ирачката војска во борбата против „Исламската држава“, истакнувајќи ја потребата од широка коалиција со учество на Русија и Иран, пренесува „Взгљад”.

Според податоците на изворот, Ален „бараше од ел Абади да не ја продолжи соработката со Русија“. „Ел Абади му вети дека тоа нема да се случи, дека Багдад сите потези ќе ги координира со Вашингтон и со коалицијата против ИД на чело со САД“, додаде изворот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња