Путин: Позицијата на САД е неконструктивна

„И во основата на таа позиција, очигледно, лежи отсуството на каква било агенда. Очигледно, едноставно нема за што да се зборува“, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.

Претседателот на РФ Владимир Путин ја смета за неконструктивна позицијата на САД, кои одбија да примат руска делегација на чело со премиерот Дмитриј Медведев, пренесува ТАСС.

„Смета дека таа позиција е неконструктивна. И во основата на слабоста на таа позиција, очигледно, лежи отсуството на каква било агенда. Очигледно, едноставно нема за што да се зборува“, изјави Путин на прес-конференција во Астана.

Истовремено Путин забележа дека не може да разбере како во оваа ситуација САД воопшто можат да ги критикуваат активностите на РФ во Сирија ако самите одбиваат директен дијалог.

Рускиот претседател додаде дека Русија „ги остава вратите отворени“ за дискусија со сите заинтересирани страни за ситуацијата во Сирија.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.