САД објаснија зошто одбиле да ја примат делегацијата со Медведев

САД не се заинтересирани за соработка со Москва, сѐ додека „Русија не почне да дава конструктивен придонес во борбата против „Исламската држава“, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

Белата куќа не гледа потреба од контакти со делегацијата предводена од премиерот на Русија Дмитриј Медведев, затоа што не смета дека Москва дава конструктивен придонес во борбата против „Исламската држава, изјави во средата, 14 октомври, портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, пренесува „Ведомости”.

Најавената цел на оваа делегација, како што соопшти Владимир Путин, се состоеше во тоа да придонесе за воена соработка, координација меѓу Русија и САД. Искрено кажано, рековме дека не сме заинтересирани за тоа сѐ додека Русија не почне да дава конструктивен придонес во нашите напори во борбата против „Исламската држава“; истакна Ернест. „Русија има свои планови (во Сирија). И тие планови таа ги спроведува сама“, истакна портпаролот.

Ернест рече дека предлогот на Москва да испрати делегација во САД не бил дочекан позитивно не само во Вашингтон, туку и во другите земји, членки на коалицијата предводена од САД. Портпаролот на Белата куќа изјави дека Русија своите воени дејствија во Сирија во моментов ги координира само со Техеран и Дамаск.  

Од друга страна, Кремљ изјави дека секое одбивање на дијалог не придонесува за најскоро спасување на Сирија од „Исламската држава“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„За жал, да речеме, секое одбивање... уште повеќе во таква чувствителна ситуација, не придонесува, тоа одбивање, за најскоро спасување на таа земја и на целиот регион од таканаречената „Исламска држава“. Се разбира, РФ ќе ја продолжи таму својата работа за поддршка на офанзивите дејствија на сириската армија“, изјави Песков, а пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња