Францускиот издавач „Ларус“ објави атлас во кој Кримскиот полуостров е означен како територија која не е во составот на Украина.
Во најновото издание на „Социолошко-економскиот атлас на земјите во светот“ за 2016 година, на страницата посветена на економската географија на Украина, Крим е обоен со сива боја, како територија која не ѝ припаѓа на Украина. Донецката и Луганската област се обележани како дел од украинската држава. Во фуснотата на дното на страницата е наведено дека припојувањето на Крим кон Русија „не е признаено од меѓународната заедница“, пренесува „Взгљад“.
Објавувањето на овој атлас предизвика негодување кај украинските дипломати. „Бев длабоко шокиран кога неодамна дознав дека „Ларус“, на кој често се потпирав во својата работа, на 105 страница од својот „Социолошко-економски атлас“ за 2016 година го обележува Крим како територија која ѝ припаѓа на Русија“, истакнува во отвореното писмо до францускиот издавач амбасадорот на Украина во Франција Олег Шамшур, кој истовремено изрази надеж дека издавачката куќа веднаш ќе ја исправи „оваа срамна грешка“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче