Кери: САД се подготвени за договор со РФ за безбедноста на летовите над Сирија

Државниот секретар на САД Џон Кери особено ја потенцираше својата увереност во можноста за конструктивен дијалог со Москва по наведеното прашање.

Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека САД се подготвени да се договорат со РФ за безбедноста на летовите над Сирија за да не се испровоцира меѓународна криза, пренесува РИА „Новости“.

„Подготвени сме да се договорите нашите авиони да не бидат во опасност на небото над Сирија. И да не испровоцираме меѓународна криза“, изјави Кери на средба со студенти и професори на Харвард.

Кери исто така истакна дека верува во можноста за конструктивен дијалог со руската страна по наведеното прашање.

Претходно во вторникот заменик-министерот на Министерството за одбрана на РФ Анатолиј Антонов соопшти дека подготвиле предлози за можниот договор со САД за безбедноста на летовите на авијацијата во текот на операцијата во Сирија и ги доставило до американската страна.

„Ние повторно ја потврдивме подготвеноста да ја развиваме соработката со САД во борбата против тероризмот, ја потенциравме важноста на соработката, на пример, за евентуално спасување на нашите екипажи. Таква несреќа, за жал, може да ни се случи не само нам, туку и на екипажот на секој авион, на секоја земја која војува на небото над Сирија. Сметаме дека нема ништо поважно и похумано од тоа“, изјави Антонов, а пренесе ТАСС. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња