„Шпигел“: Русија покажа дека светската политика не се врти околу Западот

Ситуацијата во Украина и Сирија означи почеток на нова епоха, ерата на доминација на Западот помина, пишува германски „Шпигел“.

Дојде крајот на поранешниот светски поредок во кој водечка улога играа западните земји, пишува германскиот весник „Дер Шпигел“.

„Ситуацијата во Украина и Сирија го означи почетокот на новата епоха. Ерата на доминација на Западот помина, САД веќе не го воспоставуваат и не го гарантираат поредокот во светот. Владимир Путин ја презеде улогата на рушител на овој поредок, а Кина за тоа време се сокри зад кулисите“, ја коментира актуелната ситуација весникот.

Изолацијата на Русија не успеа, и покрај несогласувањата во надворешната политика. „Русија не се најде во меѓународна изолација, иако западните политичари со месеци го повторуваа тоа како мантра. Се добива впечаток дека Европејците, кога го зборуваат тоа, како да се наоѓаат во 19, а не во 21 век. Светската политика веќе одамна не се врти околу Европа, и дури и Америка под раководство на Обама ја загуби улогата на светски лидер“, пренесува РИА „Новости”.

Според мислењето на весникот, поранешните структури кои обезбедуваа стабилност во светот се застарени и потребно е да бидат сменети. На Европа ѝ се потребни нови договори во сферата на безбедноста како што е Хелсиншкиот договор, се наведува во статијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња