Белорускиот претседател Александар Лукашенко планира со претседателот на Русија да го разгледа прашањето за отворање руска авио-база во Белорусија.
„Таа тема ќе ја разгледам со претседателот на Русија. Ако Русија гледа нешто што ние не го гледаме, макар што ние сме поблиску до вас (Западот) и гледаме повеќе, Русија ќе каже“, изјави Лукашенко, а пренесува РИА „Новости”. Тој го изјави ова денеска, 11 октомври, на прес-конференција во Минск, одговарајќи на прашање на новинарите дали во Белорусија ќе биде отворена руска воздухопловна база.
„Се сомневам дека Русија навистина е подготвена да ја направи таа база“, рече тој, појаснувајќи дека таквиот проект ќе биде скап.
Претходно претседателот Лукашенко изјави дека никогаш не разговарал за отворање руска авио-база на територијата на Белорусија. Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека ќе ја провери изјавата на Лукашенко за руска воена база.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.