Песков: Операцијата на ВКС Русија ќе трае паралелно со офанзивата на сириската армија

Операцијата на ВКС Русија во Сирија ќе се спроведува додека траат офанзивните дејствија на сириските Вооружени сили, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Буквално некни беше средбата на претседателот со министерот за одбрана на Русија, во текот на која претседателот даде потполно позитивна и висока оценка на дејствијата на Воздушно-космичките сили во Сирија“, пишува „Взгљад“.  

„Токму од тоа поаѓаме. Како што веќе многупати беше изјавено, вклучително и од страна на претседателот, во контекст на прашањата за траењето на оваа операција: оваа операција има за своја цел да им даде поддршка на Вооружените сили на Сирија“, додаде Песков.

Тој потенцираше дека „операцијата ќе се реализира додека траат офанзивните дејствија на сириските Вооружени сили“. 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња