Руската воена морнарица ги гаѓа позициите на ИД

Руската воена морнарица ги гаѓаше со крстосувачки ракети позициите на „Исламската држава“, му рапортираше министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу на претседателот на Русија.

Руската воена морнарица ги гаѓаше со крстосувачки ракети позициите на „Исламската држава“ на територијата на Сирија, му рапортираше министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу на рускиот претседател Владимир Путин.

„Четири ракетни крстосувачи лансираа 26 крстосувачки ракети и погодија 11 цели. Сите цели се уништени, цивилни објекти не се оштетени“, рече Шојгу, пренесува ТАСС.

Претседателот Владимир Путин високо ја оцени операцијата на Вооружените сили на Русија. „Знаеме колку се значајни сличните антитерористички операции. Се разбира, рано е да се зборува за резултати. Но, она што досега е направено заслужува висока позитивна оценка: и работата на Министерството за одбрана во целина и работата на стручњаците на Генералштабот и нашите офицери, војниците во Сирија“, изјави Путин на средбата со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, пренесува РИА „Новости“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња