Сенатор: 14 години САД не можеа да направат ништо за Авганистан

Терористичка активност, бегалци, наркотици – тоа се резултатите на 14-годишната операција на меѓународните сили за безбедност во Авганистан предводени од САД, изјави членот на комитетот за меѓународни работи на Советот на Федерацијата на РФ Игор Морозов.

„Русија не може да ја остави без внимание војната во северните области на Авганистан, затоа што најблиските соседи се Узбекистан, Таџикистан, Туркменистан, Киргистан. Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) е подготвена да одбие секаков терористички напад на „Исламската држава“ или талибанците. Но тоа е за нас сериозна закана“, изјави сенаторот Игор Морозов на седницата на групата за соработка на Советот на Федерацијата на Русија и Националното собрание на Авганистан .

Рускиот сенатор нагласи дека меѓународните сили за безбедност под раководство на САД 14 години во Авганистан „не можеа да сторат ништо за јакнење на државноста, вооружените сили, специјалните единици за борба против меѓународниот тероризам“.  

Во случај на влошување на ситуацијата в Авганистан, Русија ќе биде подготвена да даде поголема воено-техничка поддршка на земјата, вели Морозов. Авганистанската војска ќе има обука на територијата на Русија, но сите прашања за копнени операции против терористите на територијата на Авганистан мораат да ги решаваат самите Авганистанци“, ги цитира РИА „Новости“ зборовите на рускиот сенатор.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња