Министерството за транспорт на РФ нареди да се затвори од 25 октомври воздушниот простор на Русија за украинските авиокомпании. Ова го соопшти во понеделникот, 28 септември, ТАСС повикувајќи се на прес-службата на министерството.
„Министерството за транспорт на Русија ѝ даде инструкции на Федералната агенција за воздушен транспорт (Росавијација) да испрати до авиокомпаниите на Украина, кои реализираат или планираат да реализираат летови до дестинации на територијата на Руската Федерација, известување за прекин на користењето на воздушниот простор на Русија од 25 октомври“, се вели во соопштението на Министерството за транспорт на Русија.
Одлуката за затворање на воздушниот простор е донесена по налог на премиерот на РФ Дмитриј Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче