Киев го затвори небото за руските авиопревозници

Во рамките на санкциите против Русија украинските власти им забранија на сите руски авиокомпании да летаат над територијата на Украина.

Во рамките на санкциите против Русија, украинските власти им забранија на сите руски компании да летаат над територијата на Украина.

„Сите руски авиокомпании од „црната листа“ се писмено известени за забраната за користење на украинскиот воздушен простор“, изјави за РИА „Новости” во понеделникот портпаролот на Државната управа за цивилно воздухопловство на Украина Наталија Терлецкаја.

Украинските власти воведоа санкции против 25 руски авиокомпании, од кои две веќе не постојат. На списокот се најдоа и најголемите авиопревозници: „Аерофлот”, „Трансаеро” и „Сибир”. 

Рускиот министер за транспорт Максим Соколов подоцна изјави дека властите на Русија ќе го затворат небото за најмалку две украински авиокомпании. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња