Руската делегација ја напушти салата на Генералното собрание на ООН во текот на настапот на претседателот на Украина Петро Порошенко на Самитот за глобалната агенда на полето на развојот. Ова за ТАСС го изјави висок руски дипломат.
„ Ја напуштивме салата во знак на протест против отворено политизираниот и агресивен говор кој апсолутно не соодветствуваше со најавената тема на самитот“, потенцираше изворот.
ТАСС подоцна дозна дека во салата останал еден руски дипломат, за кој изворот истакна дека „руската страна има навика да ги слуша своите опоненти и да не го остава нивниот настап сосема без внимание“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче