Почнува сериското производство на Lada Vesta

До крајот на годината „АвтоВАЗ” ќе произведе 5-6 илјади возила Lada Vesta.

Продажбата на моделот Lada Vesta ќе почне на 25 ноември 2015 година, соопшти фабриката „АвтоВАЗ”, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета”.

Сериското производство на новиот модел во погоните на фабриката во Ижевск почнува на 25 септември. 71% од производството на новиот модел е наменето за домашниот пазар. 

До крајот на годината „АвтоВАЗ” ќе склопи 5-6 илјади возила Lada Vesta. Во моментов е утврден списокот со 60 официјални дистрибутери во 22 града, кои со продажба на  моделот Vesta ќе почнат од 2015 година. Останатите ќе мораат да почекаат до март 2016 година.

Автомобилот ќе се произведува во различни верзии, со три различни мотори, два различни системи на пренос и со три различни комплети дополнителна опрема. Најпрвин од фабриката во Ижевск ќе излезат автомобилите со мотор од 160 коњски сили, а потоа моделите со 86 и 114 коњски сили. Купувачите ќе можат да одберат автоматски или механички менувач.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.