Захарова: Русија не го предава Асад

Москва „не го предава“ претседателот на Сирија Башар Асад, но и не го држи на власт поради „лични симпатии“, изјави портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

Москва „не го предава“ претседателот на Сирија Башар Асад, но и не го држи на власт поради „лични симпатии“, изјави портпаролката на руското МНР Марија Захарова, пренесува „Взгљад”.

„Русија е посветена на основните принципи на Повелбата на ОН, како и на зборовите и духот на Женевското коминике. Русија доследно и отворено го поддржува Дамаск во борбата против ИД и веќе неколку години ги повикува западните и регионалните партнери на заеднички акции”, напиша Захарова на својот Фејсбук-профил.

Како што наведува изданието, таа го напиша ова како коментар на изјавата на еден блогер кој тврди дека Русија, наводно, го „предава Асад“.

Портпаролката на МНР РФ исто така, потсети на „десетиците деманти од страна на Министерството на многубројните дезинформации кои многу често се појавуваат во медиумите“.

Коментирајќи ги соопштенијата на странските медиуми за сценариото за соборување од власт на сирискиот претседател Башар Асад со наводно учество на Москва, Захарова на 7 септември изјави дека Русија ниту самата, ниту во договор со некого не назначува, ниту отстранува странски претседатели.   

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња