Шефот на МНР Јапонија ќе дискутира со Лавров за Курилските острови

Министерот за надворешни работи на Јапонија Фумио Кишида изјави дека очекува „сложени разговори“ со шефот на МНР Русија Сергеј Лавров.

Министерот за надворешни работи на Јапонија Фумио Кишида изјави дека очекува „сложени разговори“ со шефот на МНР Русија Сергеј Лавров, пренесува „Взгљад“.  

„Разговорите со Лавров ќе бидат првите по една година и седум месеци и ние би сакале да го разгледаме проблемот со „Северните територии“. Без оглед на тоа што очекувам сложени разговори, сметам дека ќе се најдат патишта за обнова на дијалогот за склучување мировен договор“, изјави Кишида пред неговиот лет за Москва.

Првиот човек на јапонската дипломатија исто така потенцираше дека неговото патување е следната алка за „реализација на посетата на претседателот Путин на Јапонија“, пренесува РИА „Новости“ повикувајќи се на NHK.

Кишида денеска ќе пристигне во тридневна посета на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.