Москва се залага за задржување на компактен Совет за безбедност на ООН

Постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин изјави дека Русија има параметри според кои таа се раководи при разгледувањето на прашањето за реформа на Советот за безбедност.

Постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин изјави, одговарајќи на прашање на RBTH, дека Русија има параметри според кои таа се раководи при разгледувањето на прашањето за реформа на Советот за безбедност.  

„Одлука треба да биде постигната со огромен број на гласови, а не со просто мнозинство, инаку може да настане поделба. Новиот Совет за безбедност треба да биде компактен – не повеќе од 20 члена. Не треба да биде погодено правото на вето на 5 сегашни постојани членки на СВ“, објасни Чуркин.

Според неговите зборови, претходната 69 сесија на Генералното собрание помина во „рововско-партизанска борба“ меѓу два кампуса, од кои едниот војува за зголемување на бројот на постојани членки, а другиот – за преодна формула со формирање на „полупостојани места“ на кои влијателните земји ќе можат да се реизбираат без пауза. „Ниту еден од кампусите не собира 129 гласови“, потенцираше Чуркин. Тој додаде дека место сериозна дискусија за реформа на Советот за безбедност во ООН се води скриена борба која ќе трае уште долго.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња