„Десeн сектор” се заканува дека ќе го блокира Крим

Радикалната украинска организација „Десен сектор“ сака да го блокира Крим од следната недела.

Блокадата на Крим ќе биде двоен удар. Директен удар врз интересите на Москва и удар врз новонастанатиот предавнички украински режим кој работи против државните интереси, го пренесува „Кореспондент” соопштението објавено на веб-сајтот на радикалната украинска организација „Десен сектор“.

„Режимот на Порошенко не само што не воспостави блокада на Крим, туку и одржува дипломатски односи со земјата-агресор, се преправа дека војната не е војна и веќе година  дена ја води Украина по патот на „Минскиот срам“, стои во изјавата на националистичката организација чии планови се, како што ветија, кон крајот на неделата да се упатат кон јужните граници на Херсонската област „на помош на кримскотатарскиот народ”.

Претседателот на Крим Сергеј Аксјонов изјави дека оваа република во состав на Руската Федерација е веќе подготвена за можно прехранбено ембарго.  

„Блокадата пред сѐ ќе биде на штета на граѓаните на Украина, населението на Херсонската и Николаевската област“, ги пренесува неговите зборови „Кореспондент".

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња