Асад ги наведе причините за аверзијата на Западот спрема Русија и Иран

Незадоволството на Западот спрема земји како Сирија, Русија и Иран се состои фактички во тоа што тие се суверени држави, изјави сирискиот претседател Башар Асад.

Незадоволството на Западот спрема земји како Сирија, Русија и Иран се состои фактички во тоа што тие се суверени држави. Ова е мислењето на сирискиот претседател Башар Асад кое тој го искажа во интервјуто за RTПрв канал„Русија 24“, НТВ„Русија денес“ТАСС„Интерфакс“ и „Россијскаја газета“, пренесува „Лента.ру“.

Според зборовите на Асад, Западот не перципира партнери и суверени држави. Во тие земји Западот би сакал да отстрани еден човек и да постави друг на неговото место кој ќе работи за интересите на западните земји, а не за интересите на својата татковина, истакна Асад.  

Сирискиот претседател обрати внимание на наглиот пресврт кај западните медиуми со почетокот на превратот во Украина. Според неговите зборови, за нив претседателот на Русија Владимир Путин „се претворил од пријател на Западот во непријател, цар, диктатор, кој ја потиснува руската опозиција, кој дошол на власт на недемократски начин, без оглед на тоа што тој беше избран како резултат на демократски избори, признаени на Запад“.

Асад ги нарече Русија и Иран пријателски земји и потсети дека со нив се реализира соработка.

„Што се однесува до останатите држави, ние сме отворени за соработка со секоја од нив доколку има сериозна желба да се борат против тероризмот. Ние тоа не го гледаме во случајот со таканаречената антитерористичка и антиигиловска коалиција предводена од САД“, потенцираше Асад.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.