Анкара ќе разговара за „Турски тек“ откако ќе добие попуст на рускиот гас

Анкара е подготвена со руската страна детално да ја разгледа реализацијата на гасоводот „Турски тек“ дури откако ќе биде постигнат договор за попуст на гасот, изјави министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Али Риза Алабојун, пренесува „Взгљад”.

Анкара е подготвена со руската страна детално да ја разгледа реализацијата на гасоводот „Турски тек“ дури откако ќе биде постигнат договор за попуст на гасот, изјави министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Али Риза Алабојун, пренесува „Взгљад”.

„За прашањето за обезбедување попуст на гасот од 10,25% се разговараше само усно, ништо не е потврдено на хартија. Сметаме дека тоа е погрешно. Руската страна мора да ни даде попуст без предуслови. Во меѓувреме таа ни ги изнесе своите услови дека попустот на гас ќе биде даден по започнувањето на изградбата на гасоводот“, изјави турскиот министер.  

„Ваквиот услов е непримерен. Кон детално разгледување на проектот и планот за негова реализација може да се пристапи дури откако ќе се постигне договор за попуст на гасот“, додаде Алабојун.

Во понеделникот, 7 септември, потпретседателот на „Гаспром” Александар Медведев изјави дека со турските партнери ќе биде утврдена изградбата на првиот крак на „Турски тек“, а потоа и на останатите.

Министерот за енергетика на Русија Александар Новак на 31 јули соопшти дека „Гaспром“ и турската компанија „Ботас“ постигнале договор за попуст на цената на рускиот гас од 10,25%, како и дека работата врз меѓународниот договор меѓу РФ и Турција за изградба на „Турски тек“ продолжува. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња