Порошенко зборува за поход на Москва

Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека постојат три можности кога се работи за враќање на Донбас под контрола на Киев“, пренесува „Lenta.Ru”.

„Првата можност е радикална офанзива, ослободување на територијата по воен пат и поход на Москва. Втората варијанта е да се подигне ѕид и да се предаде дел од територијата, ќе преживееме и без Донбас“, изјави тој, истакнувајќи дека како шеф на државата не планира никому да предаде „ни парче украинска земја“.

Третата варијанта е, според неговите зборови, „на таа територија повторно да се воспостави украински суверенитет, украинска власт”. „Тој пат се вика „Минска спогодба“, објасни Порошенко, а пренесува пренесува „Lenta.Ru”.

Освен тоа, тој ги прокоментира антируските санкции и ги нарече „казна поради агресијата спрема Украина“. „Во Русија се намали БДП-то, во светот паднаа цените на нафтата, во Русија дојде до сериозно намалување на социјалните давачки“, истакна украинскиот претседател.

Според неговите зборови, Киев го убеди светот дека Украина „во целост ги исполнува своите обврски, а Русија лаже“. „Ние стекнавме доверба и односот спрема Украина е поинаков отколку пред година дена. Ние ги исполнивме нашите обврски што се однесува до почетокот на уставниот процес“, истакна Порошенко.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.