„Комерсант“: ЕУ и САД можат да воведат нови санкции против Русија

Ограничувањата, како што истакнува „Комерсант“, можат да бидат воведени ако властите на ЛНР и ДНР одбијат да спроведат избори на 25 октомври, затоа што на Запад веруваат дека Москва има влијание врз властите на републиките.

Европската унија и САД ја разгледуваат можноста за воведување нови санкции против Русија, пишува во петокот весникот „Комерсант“, а пренесува РИА „Новости“.

Како што истакнува зданието повикувајќи се на извори, нови санкции против РФ можат да бидат воведени во случај властите на самопрогласените Донецка и Луганска народна република одбијат да ги спроведат изборите на 25 октомври – истиот ден кога треба да се одржат избори на територијата на цела Украина.

„Комерсант“ истакнува дека на Запад се убедени во тоа дека Русија има неограничено влијание врз раководствата на републиките во Донбас и дека ќе гледаат на одбивањето за спроведување избори во ист ден со Украина како на „демонстративно“ прекршување на Минската спогодба.

Соговорниците на изданието во западните дипломатски кругови изјавуваат дека доколку ДНР и ЛНР не направат отстапки по прашањето за роковите за локалните избори, Западот ќе ги обвини за рушење на Минската спогодба, а за виновник ќе биде назначена Москва. Како што пишува весникот, според мислењето на еден западен дипломат, „Донецк и Луганск не покажаа насоченост кон компромис, објавувајќи го одржувањето на изборите на датуми различни од остатокот на краина и не покажаа подготвеност да ги организираат во согласност со украинското законодавство“.

Изданието исто така повикувајќи се на извор додава дека санкциите „не претставуваат крајна цел на САД и ЕУ, но колку Минската спогодба биде „погребена на толку груб начин“, Западот ќе нема друг избор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.