Спогодбата за раскин на договорот, потпишана од вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин и генералниот секретар на францускиот Совет за одбрана и национална безбедност Луј Готје, беше доставена во Националното собрание на Франција. Се претпоставува дека комитетот за меѓународни работи на Националното собрание ќе ја разгледа на 15 септември, еден ден по почетокот на вонредната парламентарна сесија.
Во документот особено се потенцира дека Франција нема да ги продаде „Мистралите“ на трета страна сѐ додека Русија не ја добие „полната сума на компензацијата“. Освен тоа, француската страна треба да ја демонтира и врати претходно монтираната руска опрема.
Меѓу потенцијалните купувачи на „Мистралите“ се Египет, Индија, Бразил, ОАЕ, Саудиска Арабија, Виетнам, Малезија и други земји.
Претходно беше соопштено дека Москва ќе дозволи продажба на „Мистралите“ само во комплет со произведените за таа потреба руски хеликоптери Ка-52К. Во спротивен случај Русија ќе го искористи правото на вето за да ја блокира евентуалната зделка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче