Климкин: Русија ќе ја лишат од правото на вето во името на „глобализираниот свет“

На заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации закажано за септември постои можност на Русија да ѝ биде ограничено правото на вето, изјави министерот за надворешни работи на Украина Павел Климкин.

На заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации закажано за септември постои можност на Русија да ѝ биде ограничено правото на вето, изјави министерот за надворешни работи на Украина Павел Климкин, пренесува „RT”.

„Како прво, расправата е во тек и ние многу ја поддржуваме идејата за ограничување на правото на вето. Постои иницијатива на која ѝ се придружија повеќе од 40 земји. Отсекогаш сум бил страстен обожавател на ограничувањето на правото на вето, затоа што не можеме да останеме во 1940-те или 1950-те години. Ние живееме во друг, глобализиран свет“, изјави Климкин.

Министeрот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на 11 август изјави дека разгледувањето на правото на вето во Советот за безбедност поради цела низа причини тешко дека ќе донесе некакви резултати. Според него, правото на вето е утврдено во Повелбата на ООН без никакви услови и ограничувања и сите држави кои го ратификувале овој значаен документ се должни да ја почитуваат оваа одредба од Повелбата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.