Лавров: Нема шанси да се смени Повелбата на ОН во однос на употребата на правото на вето

Разгледувањето на укинувањето на правото на вето во Советот за безбедност поради цела низа причини тешко дека ќе донесе некакви резултати, смета министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров..

Разгледувањето на укинувањето на правото на вето во Советот за безбедност поради цела низа причини тешко дека ќе донесе некакви резултати, смета министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров..  

„Овие идеи немаат некаква сериозна перспектива, затоа што правото на вето е утврдено во Повелбата на ОНбез никакви услови или ограничувања, и сите држави кои го ратификуваа овој значаен документ го почитуваат овој став на Повелбата“, изјави Сергеј Лавров на прес-конференцијата за резултатите од разговорите со својот саудиски колега Адел ел Џубеира, пренесува RT.

„Освен тоа, дури и ако хипотетички претпоставиме да ја разгледаме оваа идеја, веднаш се појавуваат низа прашања. Пред сѐ, ако се предлага земјите да се откаажат од правото на вето во случаи кога се работи за масовни злосторства, кој ќе го одреди критериумот за масовност?“, се прашува шефот на руската дипломатија. „Масовност – дали се тоа 100 луѓе,  1000 луѓе? Ако е 100, дали тогаш кога имаме 99 луѓе можеме да примениме во, а кога имаме 100 не можеме?“, продолжи шефот на руската дипломатија. 

„Затоа што се работи за тоа дека треба да се откажеме од правото на вето во ситуација која е поврзана со масовно кршење на меѓународното хуманитарно право, злосторства проив човештвото, воените злосторства, истакна рускиот министер.

Во рамките на 69 заседание на генералното собрание на ОН претходно беше одржана средба на високо ниво за прашањето за правото на вето во Советот за безбедност. Неговите учесници го поддржаа стариот предлог на Париз за тоа секоја земја, постојана учесничка на Советот за безбедност на ОН, треба доброволно да се воздржи од користење на правото на вето кога се работи за спречување или прекин на насилство.

Руската дипломатија притоа категорички ја одби идејата за промена на начинот на користење на вето.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња